Дома Останати Тенис Meдведев ја коментираше фотографијата на Надал и Ѓоковиќ од авион

Meдведев ја коментираше фотографијата на Надал и Ѓоковиќ од авион

За голем дел од спортската јавност заедничката фотографија на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ од авион беше изненадување.

Најголемите ривали со ист лет патуваа за Америка и таа прилика ја искористија за селфи кое го објавија на нивните Инстаграм профили.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изненаден од ваквата фотографија беше и Данил Медведев кој тоа не го криеше.

„Пред се бев изненаден. Каде тргнале толку рано. На Индијан Велс? Тоа беше моето прво прашање. Зошто толку рано? Но, забавно е. Претпоставувам дека не разговарале пред да се најдат во ист лет, веројатно било изненадување и за нив. Кога ќе видиш друг тенисер во авион тоа е убаво изненадување, посебно ако сте ривали 20 години. Забавна е фотографијата, но исто така покажува каков густ распоред имаме“, изјави Медведев.

Надал пред Мастерсот во Индијан Велс ќе одигра егзибициски меч во Лас Вегас на 3-ти март против Карлос Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…