Дома Фудбал Останато Meси вчера сруши рекорд на Роналдо во Лигата на шампионите

Meси вчера сруши рекорд на Роналдо во Лигата на шампионите

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси урна уште еден рекорд на неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо по број на постигнати голови надвор од казнениот простор во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ синоќа славеше со 7-2 против Макаби Хаифа во петтото коло од групата Х во ЛШ, а Меси постигна два гола, и тоа во 19. и во 44. минута.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Меси вториот гол го постигна надвор од шеснаесетникот на гостите, а тоа беше негов 23. гол кој го дал од таа зона, па така го надмина Роналдо кој има постигнато еден помалку.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, додека Меси стигна до 129. погодоци во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ ги одложи натпреварите по трагедија во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на сите планирани натпрев…