Дома Останати Meкгрегор: Имав скршеница и пред борбата, прашајте ги Вајт и главниот доктор

Meкгрегор: Имав скршеница и пред борбата, прашајте ги Вајт и главниот доктор

Конор Мекгрегор истакна дека бил повреден и пред влегувањето во октагон со Дастин Порие.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во третата борба Американецот од Лузијана славеше со технички нокаут заота што после првата рунда Ирецот не можеше да продолжи.

„Секако имаме проблем со скочниот зглоб. Сите ме прашуваат кога ја скршив ногата. Прашајте го Дајна Вајт (претседателот на УФЦ) и докторот Дејвидсон, главниот доктор на УФЦ. Знаеа дека имав скршеница. Се водеше дебата за тоа дали да се откажам затоа што спарингував без штитник и добив неколку удари на истото место“, изјави Конор.

Мекгрегор откри и дека после операцијата има титаниумска шипка во ногата, од коленото до скочниот зглоб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…