Дома Фудбал Мбапе по хет-трикот: Оваа победа нема да го „испере“ дебаклот против Атлетико

Мбапе по хет-трикот: Оваа победа нема да го „испере“ дебаклот против Атлетико

Килијан Мбапе беше целосно искрен по вечерашната победа против Кајрат. Килијан Мбапе повторно доминираше во дресот на Реал Мадрид!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот со три гола и титула на играч на натпреварот ги предводеше Кралевите до убедлива победа против казахстанскиот Кајрат во Лигата на шампионите.

Сепак, француската ѕвезда не дозволи славењето да го засени неодамнешниот неуспех.

„Дали оваа победа значи дека го забораваме дербито? Не, не, тоа не смее да се заборави,“ изјави Мбапе по натпреварот и додаде:

„Не можеме да го заборавиме тоа што се случи овој викенд,“ додаде тој, мислејќи на болниот пораз од Атлетико Мадрид со резултат 5:2.

Тој натпревар беше првиот пораз на Реал оваа сезона, а истовремено откри и сериозни проблеми во одбраната на тимот на Чаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува нокаут – фазата на Мундијалот, познати сите натпревари

Со вечерашниот дуел меѓу Јужна Африка и Канада во 21 часот, започнува нокаут-фазата на Све…