Дома Фудбал Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога ќе го пропушти натпреварот против Хетафе в среда.

Покрај тоа, неизвесен е за саботното финале на Кралскиот куп против Барселона.

„Го мачи повредата и не може да му помогне на тимот. Се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и од тогаш е на терапии. Прави сé што може за да биде достапен в сабота“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, на денешната прес-конференција.

Мбапе поради суспензија не играше во неделата против Атлетик Билбао.

Фото: Реал Мадрид/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…