Дома Фудбал Мбапе го менува бројот во Реал Мадрид

Мбапе го менува бројот во Реал Мадрид

Килијан Мбапе наскоро би можел да го носи истиот број на дресот и во клубот и во француската репрезентација – легендарниот број десет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според шпанскиот весник Марка, Реал Мадрид планира овој култен број да му го додели токму на француската ѕвезда кога Лука Модриќ официјално ќе се прости од клубот по завршување на Светското клубско првенство.

Мбапе минатото лето се приклучи на Реал и го доби дресот со број девет, кој остана слободен по заминувањето на Карим Бензема. Во својата дебитантска сезона на Сантијаго Бернабеу се истакна со импресивни 43 гола, освојувајќи го Пичичи трофејот за најдобар стрелец во Ла Лига, како и Златната копачка за најдобар гол-стрелец во Европа.

Иако не побарал промена на бројот, во клубот веруваат дека бројот десет е логичен чекор за Мбапе. Земањето на овој број би било симболично означување на нова ера, каде поранешниот играч на ПСЖ би ја презел водечката улога во тимот – не само на теренот, туку и како лице на брендот на клубот.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …