Дома Фудбал Мбапе го лајкуваше доаѓањето на Мурињо, Арбелоа не гледа ништо спорно

Мбапе го лајкуваше доаѓањето на Мурињо, Арбелоа не гледа ништо спорно

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килиан Мбапе, ја лајкуваше на Инстаграм објавата за доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал.

Вистинска драма се одвива во Мадрид. По минатонеделниот пораз од Баерн и испаѓањето од Лигата на шампионите, сите навивачи на Кралскиот клуб со нетрпение ја очекуваат одлуката за судбината на Алваро Арбелоа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговата позиција дополнително се отежнува поради второто место во Примера, со девет бодови заостанување зад Барселона, осум кола пред крајот на сезоната.

Некои сметаат дека легендата на Реал Мадрид треба да ја напушти клупата, додека други сакаат да му дадат повеќе време.

Сепак, бројни шпански медиуми шпекулираат дека неговите денови на клупата на Реал се избројани и дека Флорентино Перез веќе почнал потрага за наследник.

Една од можните опции е легендарниот Жозе Мурињо, кој веќе три години ја водеше клупата на „Лос Бланкос“ во периодот од 2010. до 2013. година.

Изгледа дека на француската ѕвезда му се допаѓа идејата, поради што напаѓачот на Реал Мадрид ја лајкувал објавата на Инстаграм, која пренесе такви информации.

Тренерот Арбелоа вака го коментираше тоа.

„Не ми е важно за лајковите. Мбапе може да ја лајкува објавата за Мурињо, Џулија Робертс, или било кој друг“, пренесува познатиот италијански експерт за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Многу имиња се споменуваат за менаџерската позиција во Челси, но кои се фаворити

Откако вчера раководството на Челси донесе одлука да се раздели со деветтиот менаџер за по…