Дома Македонски спорт Maкедонскиот октопод: Митревски блесна со 14 одбрани за ЕДНО полувреме!

Maкедонскиот октопод: Митревски блесна со 14 одбрани за ЕДНО полувреме!

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски имаше фантастичен натпревар за Порто во Лигата на шампионите против ГОГ Гудме.

Порто славеше победа од 32:31, а Митревски беше најзаслужниот за пресвртот кој го направи португалскиот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Данскиот тим одигра одлично прво полувреме по кое водеше со 15:21, но потоа на сцена Митревски и ја „спушти ролетната“ пред својот гол.

Митревски беше несовладлив за противникот, ракометарите на данскиот тим немаа решение, па така македонскиот чувар на мрежата во вториот дел собра неверојатни 14 интервенции и сосема заслужено го доби признанието за играч на натпреварот.

Второто полувреме Порто го доби со 17:10 и така освои важни бодови од групата Б во ракометната Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа уште во првото квалификациско коло го заврш…