Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.
Маскерано е нов тренер на Интер Мајами, а американскиот клуб веќе подготвува документи за долгорочен договор со Аргентинецот, објави новинарот Сезар Луис Мерло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За да работи со Меси, Маскерано ќе ја напушти функцијата селектор на аргентинската репрезентација до 20 години.
Претходниот тренер Херардо Мартино ја напушти функцијата тренер на Интер Мајами, наводно од лични причини. Клубот по рекордниот број бодови во регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата и квалификациите за Светското клупско првенство кое ќе биде отворено следното лето, сензационално го загуби првиот натпревар од плеј-офот против Атланта (3:2).
Маскерано и Меси играа заедно за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Во Интер Мајами играат и други поранешни играчи на Барса – Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.