Дома Фудбал Мартинез ја отвори душата: Верувајте ми, плачев два дена

Мартинез ја отвори душата: Верувајте ми, плачев два дена

Интер ја совлада Барселона и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. По натпреварот, Лаутаро Мартинез ја отвори душата и призна дека плачел два дена пред натпреварот со Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По 3:3 во првиот натпревар, Интер вчера по продолженија на домашен терен славеше против Барселона со 4:3 и со вкупно 7:6 помина во финалето на Лигата на шампионите.

Неизвесно беше дали Лаутаро Мартинез ќе игра во реваншот поради повреда во првиот натпревар, се очекуваше во најдобар случај да почне на клупа, а потоа успеа да заигра од почеток.

Покрај тоа, постигна водечки гол за Интер кој на италијанскиот клуб му ги отвори вратите за пласман во финалето на елитното натпреварување.

Исто така, изнуди пенал кој Хакан Чалханоглу го претвори во 2:0 откако го собори Пау Кубарси во казнениот простор на Барселона.

„Чувствував трнење во ногата и, верувајте ми, првите два дена само седев дома и плачев, но одлично соработувавме со персоналот и успеав да се опоравам, дури и ако не бев 100 проценти подготвен“, изјави Лаутаро Мартинез за „Sky Sport Italia“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета пред добивање на нов договор што ќе го стави меѓу најплатените тренери во светот

По освојувањето на Премиер лигата првпат по 22 години, Арсенал планира да го награди шпанс…