Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот меч на Австралија Опен по загубениот прв сет од Александар Зверев.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Повредата беше посилна од Новак, но сепак имаше многу позитивни работи во неговата игра на овој турнир.
Енди Мареј беше тренер на Новак во Австралија, но не е сигурно дека ќе остане.
Британецот се огласи по ова прашање…
„Новак и јас се договоривме по турнирот да разговараме. Тоа и ќе го направиме“ истакна Мареј и додаде:
„Тешко е. Кога ќе стигнеш до оваа фаза на турнирот, чувствуваш дека си многу блиску до нешто посебно и за жал, ако телото не реагира како што би сакал, тоа е навистина лошо. Со Новак секогаш постои надеж бидејќи е одличен играч и претходно нашол излез од тешки ситуации. Меѓутоа, овој пат не беше така“.