Дома Фудбал Мануел Пелегрини ги остава кинеските милиони и се враќа во Европа?

Мануел Пелегрини ги остава кинеските милиони и се враќа во Европа?

Чилеанецот Мануел Пелегрини од наредната сезона повторно би можел да работи на европско тло.

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити во овој момент работи во Кина каде што го води тимот на Хебеи Фортун, но шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да ги остави кинеските милиони и да седне на клупата на Севиља.

Главната улога во целата приказна би можел да ја има Антонио Кордон кој со Пелегрини се познава уште од времето кога соработуваа во Виљареал, а токму тој би требало наскоро да биде промовиран во нов директор на шпанскиот клуб.

Да потсетиме, Пелегрини во Шпанија освен Виљареал имаше прилика да ги води уште Малага и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …