Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Серија А

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Серија А

Манчестер Јунајтед наскоро ќе започне преговори со Лече за трансфер на левиот бек Патрис Доргу, пренесува Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, „црвените ѓаволи“ бараат засилување на оваа позиција, а прескапи се и другите две опции – Милош Керкез од Бурнмаут и Нуно Мендеш од Пари Сен Жермен.

Затоа Јунајтед е подготвен да започне преговори со Лече за Доргу. Се уште не е пристигната понуда, но 20-годишниот талент е многу заинтересиран за овој трансфер чија цена би можела да биде околу 40 мил. евра.

Доргу игра фантастично во дресот на Лече и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…