Дома Фудбал Манчестер Јунајтед официјално го претстави дресот за новата сезона

Манчестер Јунајтед официјално го претстави дресот за новата сезона

Тимот на Манчестер Јунајтед го претстави дресот за домашните натпревари во претстојната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дресот е силно инспириран од иконското клупско место “Олд Трафорд”, а познатиот надимак на стадионот “Театар на соништата” е напишан на грбот точно под крагната. На ракавите има графика во различни нијанси на црвената боја, која ги покажува разните елементи како теренот, трибините и тунелот.

Практично слики од дресот се појавија уште вчера, кога Мануел Угарте невнимателно ги пушти своите промотивни фотографии на своите социјални канали.

“Апстрактната графика останува верна на ДНК-то на клубот, додека обезбедува иновативен изглед и чувство на дрес со класични, но исто така модерни елементи,” пишува во официјалното соопштение на клубот. Таа, секако, по традиција вклучува и некои од иконските елементи на “Адидас”, како трите линии на ракавите, овој пат во црно.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…