
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оствари важна победа од 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мечот беше неизвесен до самиот крај, а триумфот на Македонија дојде по автоголот на Јотвиле Сабаите во 92. минута, што на нашите девојки им донесе вредни три бода.
Со овој успех, македонската селекција го започнува квалификацискиот циклус со позитивен резултат, а следниот предизвик ги очекува на 4 април против Ерменија. По само три дена, на 7 април, ќе се соочат со селекцијата на Хрватска.