Дома Останати Ракомет Македонија го има петтиот најдобар стрелец на Светското првенство

Македонија го има петтиот најдобар стрелец на Светското првенство

Со вчерашното финале помеѓу Данска и Хрватска во кое Данците славеа победа од 32:26 заврши ракометното Светско првенство на кое Македонија се претстави во добро светло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонските ракометари одиграа одличен турнир на кој не беа далеку ниту од четвртфинале, а на крајот завршија како 15-ти.

Посебно во нашите редови се истакна Филип Кузмановски. Кузмановски долго време беше прв стрелец на првенството, а на крајот заврши како петти стрелец со 49 постигнати гола.

Пред Кузмановски се: Матијас Гидсел (74), Франциско Коста (54), Дика Мем (54) и Симон Питлик (50).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…