
Македонската тениска репрезентација запиша значајна победа од 2-1 против Молдавија во второто коло од Дејвис куп турнирот кој се игра во Скопје, и останува во игра за пласман во Втората светска дивизија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По еднаш се радуваа двете селекции во поединечните мечеви, па одлучувачки беше дуелот во двојки, каде што Мартин Мицов и Калин Ивановски покажаа карактер и со 2-1 ги совладаа Кјумак и Снитари. Нашиот двоец го освои првиот сет со 6-4, но во вториот, и покрај тоа што имаа две меч-топки во тај-брејкот (6-4), сепак го загубија со 7-9.
Клучен момент во третиот сет беше четвртиот гем, кога Ивановски и Мицов направија брејк без загубен поен, поведоа со 3-1 и не дозволија противниците да се вратат – сетот го добија со 6-3.
Утре нашата репрезентација ќе се сретне со Летонија во меч што може да биде пресуден за патот кон Втората светска дивизија. Македонија досега има убедлива победа од 3-0 против Малта, но и пораз со ист резултат од Црна Гора.