Дома Фудбал Останато Македонија ќе има претставници на Европкото јуниорско кик-бокс првенство во Италија, познати и противниците

Македонија ќе има претставници на Европкото јуниорско кик-бокс првенство во Италија, познати и противниците

Направен е жребот за Европското јуниорско првенство во Италија, а веќе се познати и првите ривали на македонските претставници.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатогодишната светска шампионка Марија Димовска ќе стартува директно од полуфинале каде што ја очекува борба со Турчинката Карадаш Рабија. Истата патека ја има и ланскиот светски вицешампион Лука Змејковски, кој во полуфиналето ќе се соочи со Гркот Еманоуилидис Јоанис.

Андријано Димишковски ќе настапи уште од осминафиналето и таму ќе се бори со Немања Глигориќ од Босна и Херцеговина, додека Калин Бабовски ќе има турски предизвик во ликот на Карагац Хусеин.

„Андријано и Калин се пријавени во иста категорија, што е дозволено со правилата. И двајцата се исклучително квалитетни борци и со право добија место на ова првенство. Нашите главни адути се Марија Димовска, која по повредата се враќа во врвна форма, и Лука Змејковски. Но и другите двајца се голема надеж за иднината“, изјави селекторот Дејан Митровски-Урко, додавајќи дека стручниот штаб интензивно работи на тактиките и анализа на противниците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …