Дома Останати Кошарка Македонија го прегази Азербејџан – победа од 38 поени разлика во „Кале“

Македонија го прегази Азербејџан – победа од 38 поени разлика во „Кале“

Македонската кошаркарска репрезентација приреди убедлива партија во салата „Кале“, славејќи над Азербејџан со високи 87-49. Нашиот тим од самиот почеток наметна силно темпо и цврста одбрана, па гостите во првите 20 минути беа ограничени на само 21 поен, додека Македонија за тоа време стигна до комотни 40.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И во продолжението избраниците на селекторот не попуштија – разликата постојано растеше, а на крајот мечот заврши со убедливи +38 за домаќините.

Најефикасен на паркетот беше Андреј Јакимовски, кој блесна со 25 поени и 11 скокови. Одличен настап имаше и искусниот Војдан Стојановски, кој мечот го заврши со 16 поени и исто така 11 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама го растури шампионот и го однесе Спарс во НБА финалето: Нè очекува реприза од 1999 година

Сан Антонио славеше во мајсторката против Оклахома Сити и се избори за големото финале про…