Дома Фудбал Македонија сериозно ослабена: Нашата најдобра фудбалерка ќе го пропушти натпреварот со Косово

Македонија сериозно ослабена: Нашата најдобра фудбалерка ќе го пропушти натпреварот со Косово

Женската А репрезентација на Македонија на 21. февруари на домашен терен, со почеток од 14. часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на Нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашата женска селекција се наоѓа во групата 6 од сегментот Ц заедно со селекциите на Косово и Летонија.

Селекторот на Македонија, Александар Андов за претстојната пресметка со Косово се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: 

Берна Кабакчи   Карсон Њумен, САД

Викторија Панчурува   Тиверија Брера

Кристина Павлоска   Топ Гол

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчхути, Грузија

Ане Бошевска   Тиверија Брера

Павлинка Николовска   Тиверија Брера

Елена Панеска   Олимпија, Словенија

Бојана Петкова   Полонија Срода, Полска

Сара Коларовска   Скопје 2014

Викторија Недева   Тиверија Брера

Александра Јовановска   Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Хава Мустафа   Љуботен

Александра Марковска   Љуботен

Симона Ребека Меијер   Макаби Кишронод Хадера, Израел

Ленче Андрееска   Уние Кадин , Турција

Икмете Лимани   Швеинфурт 05, Германија

НАПАД:

Јилза Максути   Уние Кадин, Турција

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Лора Сулејмани   ГПСО 92, Франција

Јована Павловска   Легија, Полска

Марјана Нацева   Борусија Дортмунд, Германија

Билјана Панева   Тиверија Брера

Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…