Со вчерашното финале помеѓу Данска и Хрватска во кое Данците славеа победа од 32:26 заврши ракометното Светско првенство на кое Македонија се претстави во добро светло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонските ракометари одиграа одличен турнир на кој не беа далеку ниту од четвртфинале, а на крајот завршија како 15-ти.
Посебно во нашите редови се истакна Филип Кузмановски. Кузмановски долго време беше прв стрелец на првенството, а на крајот заврши како петти стрелец со 49 постигнати гола.
Пред Кузмановски се: Матијас Гидсел (74), Франциско Коста (54), Дика Мем (54) и Симон Питлик (50).