Хајдук Сплит денес славеше против Мол Фехервар со 5:2 во пријателски натпревар, а одличен гол во овој натпревар постигна македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот во договор на двете екипи се играше во четири дела по 30 минути. Трајковски во 104. минута успеа да го матира противничкиот голман директно од корнер.
На овој натпревар настапи и Никола Серафимов во редовите на МОЛ Фехервар.