Дома Фудбал Мадриѓаните со Емирјатес до 2031 година за 500 милиони евра

Мадриѓаните со Емирјатес до 2031 година за 500 милиони евра

Авиокомпанијата Емирјатес од Дубаи го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид за дополнителни пет години, сé до 2031 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Реал Мадрид и Емирјатес го обновија своето партнерство, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, изјави мадридскиот гигант.

Во официјалната објава не се споменува сума на договорот, но реномираниот дневен весник AS објави дека станува збор за 100 милиони евра годишно.

Емирјатес стана спонзор на Реал Мадрид во 2011 година, а од 2013 година се главен спонзор на клубот. Логото на компанијата е истакнато на дресовите на фудбалерите и кошаркарите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трабзонспор не застанува: Договорен е напаѓач, играше со Салах во Ливерпул

Искусниот 27-годишен уругвајски напаѓач е ново засилување за Трабзонспор. Интересно е дека…