Дома Фудбал Италија Maтуиди: После натпреварот со Манчестер Јунајтед сите едвај стоевме, сите освен Роналдо

Maтуиди: После натпреварот со Манчестер Јунајтед сите едвај стоевме, сите освен Роналдо

Фудбалерот на Јувентус, Блес Матуиди го пофали соиграчот Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој во изјава за „РМЦ Спорт“ порача дека Роналдо тренира ден и ноќ и дека е вистински пример за останатите играчи кои покрај него дополнително напредуваат.

Матуиди за пример го посочи натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

„Сите бевме мртви уморни и едвај стоевме после натпреварот против Манчестер Јунајтед, сите освен Роналдо. Тој тренира како луд. Посветен е на работата повеќе од било кој друг играч. Токму затоа и на 33 години е пример за сите и ни дава дополнителен мотив. Роналдо не е пример само на тренинзите, туку и на натпреварите. Може да направи работи кои останатите не ги можат. Сите се чуствуваме подобри покрај него. Тој е вистински лидер“, изјави Матуиди.

Роналдо од пристигнувањето во редовите на Јувентус одигра вкупно 12 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од седум голови и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалски супер-агент му понуди три фудбалери на Реал Мадрид

Реал Мадрид внимателно ги следи случувањата на фудбалскиот пазар, а шпанските медиуми доно…