Дома Фудбал Лига на шампиони Maтијас Де Лихт вчера покажа зошто го сака цела Европа!

Maтијас Де Лихт вчера покажа зошто го сака цела Европа!

Вчера Ајакс приредувајќи уште една сензација испиша прекрасна приказна во својата историја, холандскиот тим се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Сите фудбалери на Ајакс заслужуваат честитки за играта и борбеноста која ја покажаа на теренот, но посебно се истакна нивниот 19 годишен капитен за кого европските гиганти водат голема борба, Матијас Де Лихт.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Де Лихт е еден од петмината старетери од вчерашниот натпревар кои ја поминаа славната школа на Ајакс која најмногу стана популарна во времето на Јохан Кројфт.

Кога на постарите љубители ќе им зборувате за убав фудбал тие нема да помислат на Реал, Барса, Баерн, Јувентус, Јунајтед…Тие ќе помислат на генерацијата на Ајакс од 70-тите години.

Сега тој фудбал повторно живее со нови „деца“ од Амстердам. Де Лихт иако има само 19 години тој е капитен на тимот, а вчера покажа зошто со неговото име се поврзуваат астрономски бројки. Статистиката на Де Лихт од вчерашниот натпревар е навистина неверојатна.

Овој 19 годишен стопер ги доби сите дуели, имаше 10 од 10 успешни расчиствување, како победник излезе од три воздушни дуели, имаше три одеземени топки, а круна на се беше голот вреден полуфинале.

Да Лихт зад себе веќе има повеќе од 100 натпревари за Ајакс и е стандарден репрезентативец на Холандија, оваа сезона стана и најмладиот капитен во Лигата на шампионите.

Ако име веруваме на медиумите, Де Лихт ќе тргне по стапките на својот соиграч Френки Де Јонг кој веќе го комплетираше трансферот во Барселона каде што ќе премине во летото кое следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…