Последните две кола во Премиер лигата би можеле да донесат голема неизвесност на врвот во борбата за пласман во Лигата на шампионите, иако тоа пред неколку недели не изгледаше така.
Во еден момент Челзи скоро и да беше отпишан од борбата за Лигата на шампионите, но се серијата од четири победи во низа се доближи до четвртото место кое води во најелитното европско натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна Ливерпул во последните четири натпревар забележа само една победа (пет бодови), токму како и Тотенхем (четири бодови) и сега овие два клуба стравуваат за своето место во ТОП 4 кое до вчера изгледаше како сигурно.
Ливерпул во овој момент е третопласиран со 72 бодови од 37 натпревари, Тотенхем има 72, а Челзи 69, а лондонскиот клубови имаат и натпревар помалку. Во случај Челзи сезоната да ја заврши со ист број на бодови со Ливерпул, „црвените“ ќе бидат пред „сините“ поради подобрата гол разлика, што веројатно ќе биде така и во случај на егал со Тотенхем.
Меѓутоа математиката за пласман на Челзи во Лигата на шампионите е сосема јасна.
На Челзи му е потребно Тотенхем во последните два натпревари (Њукасл и Лестер, двата на домашен терен), да не освои повеќе од три бода или Ливерпул во последното коло да не слави против Брајтон на „Енфилд“.
Покрај тоа Челзи мора да освои максимални шест бодови во натпреварите против Хадерсфилд на домашен терен и Њукасл на гости.