Дома Фудбал Лига на шампиони Maнчестер Јунајтед ќе биде ослабен во важниот меч против Лајпциг во ЛШ

Maнчестер Јунајтед ќе биде ослабен во важниот меч против Лајпциг во ЛШ

Oле Гунар Солскјер се соочува со проблеми во напаѓачката линија пред важниот натпревар против Лајпциг во рамките од 6. коло од Лигата на шампионите.

Двајцата напаѓачи Едисон Кавани и Ентони Марсијал нема да патуваат на гостувањето во Лајпциг поради полесни повреди.

Овој дуел е и тоа како важен за пласманот во следната фаза затоа што Манчестер Јунајтед, Лајпциг и ПСЖ имаат по девет бода. ПСЖ го чека дуел против Башакшехир и се очекува клубот од Париз да ја оправда фаворитската улога.

ГРУПА Х ТАБЕЛА

Манчестер Јунајтед 9 (13:7)

ПСЖ 9 (8:5)

Лајпциг 9 (8:10)

Башакшехир 3 (6:13)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…