Дома Фудбал Репрезентации Maлер: Нема да дебитира за Шпанија поради свински грип

Maлер: Нема да дебитира за Шпанија поради свински грип

Играчот за врска ја пропушти приликата да дебитира за националниот тим на Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатото лето Фабијан Руиз пристигна од Бетис во Наполи како големо засилувања, многу брзо стана неизоставен дел од првиот тим во екипата на Карло Анчелоти.

Како награда за добрите настапи стигна повикот од сениорскиот тим на репрезентацијата на Шпанија, но за жал фудбалерот на Наполи не ќе може да дебитира во дресот на „Фуријата“.
Имено, тој го пропушти натпреварот против Удинезе минатиот викенд поради свински грип.

Имаше проблем со дишењето и заврши во болница каде што е утврдено дека го има Х1Н1 вирусот.

Шпанецот набрзо бил пуштен од болницата бидејќи повеќе немал никакви симптоми, но во репрезентацијата стравуваа од можност вирусот да биде пренесен на останатите играчи и некое време ќе мора да почека на дебито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рудигер конечно откри што му беше единствена цел во Реал Мадрид

Антонио Рудигер имаше сезона исполнета со проблеми со повреди, но германскиот репрезентати…