Дома Трансфер зона Maчестер Јунајтед го „избрка“, а сега во Италија сите го сакаат

Maчестер Јунајтед го „избрка“, а сега во Италија сите го сакаат

Крис Смолинг како да доживува втора младост во Италија.

Искусниот англиски дефанзивец во ноември го прослави својот 33 роденден, но годините не го спречуваат да го игра можеби најдобриот фудбал во кариерата. И тоа под водство на Жозе Мурињо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Оваа сезона во дресот на Рома одигра 18 натпревари во Серија А и дури успеа да постигне три гола.

Неговите настапи не останаа незабележани, па италијанските медиуми пренесуваат дека Интер му понудил двегодишен договор до летото 2025 година со плата од 3,5 милиони евра годишно. Секако, услов е трансферот да биде потпишан на крајот од сезоната кога му истекува договорот со Рома.

Претходно беше објавено дека за Смолинг е заинтересиран и Јувентус.

Смолинг помина десет години на „Олд Трафорд“, но во 2010 година се пресели во Рома, прво на позајмица, а потоа клубот од италијанската престолнина го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…