Дома Трансфер зона Maтиќ заминува од Манчестер Јунајтед

Maтиќ заминува од Манчестер Јунајтед

Српскиот играч за врска и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе го напушти овој клуб, пренесуваат медиумите блиски до „црвените ѓаволи“.

После пет години поминати „Олд Трафорд“, Немања ќе мора да побара нова средина и покрај тоа што неговиот договор има важност до 2023 година. Најавеното доаѓање на Ерик Тен Хаг со себе носи и промени, па така покрај Матиќ Јунајтед може да го напуштат уште: Мата, Кавани, Лингард, па и Погба...

Матиќ има 33 години и не е во прв план кај Ралф Тагник сезонава и зад себе има само неколку подобри натпревари. Вкупно за Јунајтед настапи на 17 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Во медиумите веќе се шпекулира дека Жозе Мурињо би можел да се реши повторно да соработува со Матиќ и да го доведе во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

И Милан му дал „корпа“ на Роналдо

Кристијано Роналдо ова лето се поврзуваше со голем број клубови, но на крајот остана во Ма…