Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед донел конечна одлука за Ериксен?

Maнчестер Јунајтед донел конечна одлука за Ериксен?

Кристијан Ериксен ќе остане фудбалер на Манчестер Јунајтед барем до крајот на оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако преодниот рок за турските клубови се уште е во тек, Галатасарај мораше да се откаже од потенцијално доведување на легендарниот дански капитен.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед беше примарна мета на Галата, но одлучено е сепак тој да остане на „Олд Трафорд“.

Ериксен имаше проблеми со повредите оваа сезона и пропушти цел месец по натпреварот против Лутон, а токму од тој ноември започна само три натпревари за Манчестер Јунајтед, па се поврзуваше со преселба во други клубови.

Договорот кој го има со Манчестер Јунајтед е со важност до јуни 2025 година, но реално е да се очекува да го напушти клубот веќе на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…