Дома Трансфер зона Maнчестер Сити му понудил на Роналдо договор на две години

Maнчестер Сити му понудил на Роналдо договор на две години

Во последните денови од преодниот, откако Роналдо не беше помеѓу стартерите во првото коло од Серија А многу се пишува за негово заминување од Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите Роналдо сака да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок, а неговиот агент Жорге Мендеш вчера допатува во Торино за да разговара со својот клиент.

Познатиот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека Манчестер му понудил на Роналдо двегодишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона.

Јувентус за Роналдо бара сума помеѓу 25 и 30 милиони евра, но Сити нема намера толку да плати. Се шпекулираше за можна размена со Габриел Жесус, меѓутоа таква опција е малку веројатна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…