Дома Фудбал Maкедонија падна за 10 позиции на ФИФА ранг листата

Maкедонија падна за 10 позиции на ФИФА ранг листата

Македонија на Европското првенства забележа три пораззи во три натпревари и тоа донесе пад на ФИФА  ранг листата и тоа за дури 10 позиции.

Од 62. место паднавме на 72. на најновата листа која е објавена денес. Ова за Македонија е најлош пласман уште од јуни 2019 година кога бевме 73-то пласирани. Треба да се спомене и дека првпат после октомври 2015 година имаме сериозно назадување од двоцифрен пад на поизици. Тогаш паднавме од 105-то на 138-мо место и тоа е период на кој не сакаме да се сеќаваме.

Со поразите на ЕП ние изгубивме 31.81 рејтинг поени и сега пред насе се Словенија, Црна Гора ОАЕ, Албанија, Ирак Кина…

Италија го освои Европското првенство, но скокна само две места и е на петтата позиција, Англија остана пред нив, Франција е трета, Бразил втор, а Белгија и понатаму е прва. Во топ 10 се уште, Аргентина, Шпанија, Португалија Мексико и САД.

Комплетната ранг листа можете да ја погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…