Дома Македонски спорт Maкедонија денес ги добива противниците за квалификациите за ЕП 2024 година

Maкедонија денес ги добива противниците за квалификациите за ЕП 2024 година

Македонската ракометна репрезентација ја очекува двомеч против Чешка за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, но денеска во Виена ќе бидат извлечени и ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија е сместена во вториот „шешир“, а тоа значи дека нема да играме сигурно против Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина, кои се во него.

На ЕП ќе се пласираат првите две екипи, како и четирите од осум најдобри третопласирани тимови во групната фаза..

Ждрепката е закажана за 18 часот во Виена, а натпреварите ќе се играат од октомври 2022 до април 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…