Дома Фудбал Останато Mурињо шокиран во Загреб: Динамо од 0:2 стигна до продолженија!

Mурињо шокиран во Загреб: Динамо од 0:2 стигна до продолженија!

Тотенхем вечерва си дозволи нешто што Мурињо сигурно ќе го налути.

Англискиот гигант допатува во Загреб со навидум сигурна предност од 2:0 во првиот натпревар. Но во тимот на нашите Адеми и Ристовски не мислеа така.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите 45 минути завршија без гол 0:0, а во второто Динамо успеа да постигне два гола и да ја анулира победата на Тотенхем од првиот натпревар. Херој за хрватскиот тим беше Орсиќ кој ги постигна двата гола. Прво во 62. минута со еден мајсторски удар постигна убав гол со кој го отвори резултатот. Студениот туш за Мурињо дојде во 83. минута.

Ристовски на теренот беше до 90. минута кога го замени Стојановиќ, додека Адеми остана да игра и во продолженијата.

Во останатите натпревари не видовме изненадување, Арсенал изгуби 0:1 од Олимпијакос, но се пласираше во следната фаза поради победата во првиот натпревар (3:1). Молде славаше против Гранада со 2:1, но тоа не им беше доволно поради поразот од првиот натпревар (2:0). Рома во Украина со уште триум (2:1) го елиминираше Шахтјор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…