Дома Фудбал Останато Mурињо – или како Клоп и Гвардиола, или не тренира никого!

Mурињо – или како Клоп и Гвардиола, или не тренира никого!

Жозе Мурињо од отказот во Манчестер Јунајтед во декември е без клупски ангажман, а очекувањата се да се врати во текот на летото.

Сега Португалецот зборуваше за своите планови и порача дека би сакал да оди во клубот каде што ќе може да работи на начинот на кој работат Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и Јирген Клоп во Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Клоп веќе имаше солиден тим, но купи уште неколку играчи, три ипол години во Ливерпул не освои ништо. Но и понатаму ја има поддршката од клубот да се обиде да победи“, изјави Мурињо, па потоа продолжи за Гвардиола.

„Гвардиола не беше задоволен со четирите бека кои ги имаше и клубот му купи нови четири за 200 милиони евра. Потоа го купи голманот Браво бидејќи не му се допаѓаше Харт, после некое време не беше задоволен и од Браво и го доведе Едерсон. Јас таква поддршка во Јунајтед немав“, зборуваше Мурињо, а потоа испрати јасна порака.

„Поради тоа одлучив да не започнувам разговори со некој клуб додека јасно не ми кажат што сакаат, што се очекува од мене, колкав буџет имам на располагање и каква е структурата и амбициите на клубот“, порача Португалецот.

Како што споменавме се поврзуваше со повеќе клубови, но засега нема некој клуб кој се истакнува како голем фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…