Дома Македонски спорт Mиовски: Убаво да е постигнете седум гола, односот со навивачите ми е голема мотивација

Mиовски: Убаво да е постигнете седум гола, односот со навивачите ми е голема мотивација

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за викендот постигна нови два гола во шкотската Премиер лига во победата на неговиот тим против Килманрок од 4:1.

Со овие два гола Миовски дојде до седум гола во осум натпревари за шкотскиот клуб. Натпреварот против Климанрок беше трет за Миовски на кој постигнива два гола, се уште чека на својот прв хет-трик во Шкотска.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голема шанса за хет-трик Миовски имаше кога на еден од претходните натпревари при постигнати два гола препушти пенал на негов соиграч. На листата стрелци Миовски заедно со Кијого Фурухаши од Селтик е второпласиран со седум погодоци, лидер е Антонио Чолак од Ренџерс.

„Целта ми е да бидам најдобар стрелец во Шкотска. Секој напаѓач сонува за такво нешто, постигнувањето голови ве турка напред. Стилот на игра на Абердин ми се допаѓа, ги анализирав пред да дојдам и очекував да постигнувам голови тука. Играме офанзивно со многу напади, а тоа секако ми одговара“.

Многу брзо Миовски стана и миленик на навивачите кои веќе и му посветија песна (ТУКА)

„Навивачите ми се огромна мотивација, уживам во односот со нив. Се надевам дека ќе продолжам да ги радувам. Убаво е да сте помеѓу најдобрите стрелци, постигнав два на овој натпревар, можев уште некој од шансите кои ги имав, но и патував многу“, изјави Миовски по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…