Во претходните денови се појавија шпекулации дека Џанлуиџи Донарума би можел да се врати во Милан, меѓутоа денес пристигнуваат информации дека такво нешто нема да се случи.
Милан наскоро многу веројатно ќе добие нови газди и се пишуваше дека една од првите цели на новото раководство било враќање на Донарума, сепак изгледа не е така. Ниту навивачите на Милан не се за враќање на некогашниот миленик и се многу задоволни од Мајк Мањан кој пристигна од Лил и се покажа како одлична замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од друга страна Донарума не е среќен во Париз, ја нема формата со која бранеше за Милан и не успева покрај Кејлор Навас да добие статус на прв голман. Опцијата за негово заминување ќе биде веројатно отворена и понатаму, но вратата во Милан како што стојат работите за него е затворена.