Во текот на летниот преоден рок управата на Милан ќе се обиде да доведе засилување во нападот, се обидуваа со Маркус Турам, но како што стојат работите тој го избра Интер.
Сега, во фокусот на „росонерите“ според италијанските медиуми е Алваро Мората. Мората е искусен напаѓач кој го познава италијанскиот фудбал и на двапати го носеше дресот на Јувентус. Во овој момент е член на Атлетико Мадрид и се пишуваше дека има желба да остане, но понуда од Милан би можела да му ги промени плановите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мората не е единствениот кој е на „радарот“ на Милан тука е и Џанлука Скамака кој немаше добра сезоан во Вест Хем. Скамака во последниот период се поврзуваше со Рома која сака да го доведе на позајмица со право на откуп.
Ќе потсетиме, Милан ќе треба да бара и засилување во средниот ред со оглед на заминувањето на Сандро Тонали во Њукасл за 70 милиони евра.