Eкипата на Милан денес го промовираше своето прво летно засилување, станува збор за искусниот голман, Марко Спортиело.
Спортиело во Милан доаѓа како слбооден играч откако му заврши договорот со Аталанта. Во Милан 31-годишниот голман пристигнува за да биде резерва на првиот чувар Марк Мањан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Досега замена за Французинот беше Циприан Татарушану, но Романецот си заминува. Спортиело потпиша договор со Милан до јуни 2027 година. Низ кариерата Спортиело често пати беше втора опција.
Четири сезони беше прва опција, две во аталанта и по една во Фиорентина и Фросиноне. Станува збор за квалитетен голман кој кога добиваше шанса беше на нивото на задачата. Во Милан ќе го носи дресот со број 57.
🧤 Equipped and eager: 5️⃣7️⃣#ACMQuest #SempreMilan pic.twitter.com/sWwePntxPt
— AC Milan (@acmilan) June 28, 2023