Дома Фудбал Италија Mилан го одбиле пет тренери во 48 часа!?

Mилан го одбиле пет тренери во 48 часа!?

Eкипата на Милан во овој момент е во лоша ситуација. Новиот тренер Марко Џампаоло е пред отказ откако го запиша четвртиот пораз во шестото коло во Серија А и италијанските медиуми веќе му бараат наследник.

Фиорентина беше последниот тим кој ја искористи лошата ситуација во Милано од каде што однесе победа со 1:3.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После тој натпревар Паоло Малдини и Звонимир Бобан тргнале во потрага по нов тренер.

Италијанските медиуми сега пишуваат дека само во 48 часа Милан го одбиле петмина тренери.

Малдини и Бобан прво го контактирале Андреј Шевченко, но тој ги одбил затоа што во овој момент е селектор на Украина. Меѓутоа за него се уште постои шанси да седне на клупата, барем така пишуваа некои медиум.

Потоа контактиран бил Алегри, поранешниот трофеен тренер со Јувентус кој во минатото го водеше и Милан.

За работата не бил заинтересиран ниту Џенаро Гатузо кој го водеше Милан пред Џампаоло. На листата следен бил Клаудио Рабиери, но и од него нема да има ништо затоа што тој побарал повеќегодишен договор, а такво нешто не им се допаднало на Бобан и Малдини.

Последната опција бил Лучијано Спалети меѓутоа поранешниот тренер на Интер не сакал да го превземе клубот сред сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…