Eден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе, офанзивецот на ПСЖ со пофални зборовуваше за француското фудбалско првенство.
Најверојатно Мбапе наредната сезона нема да игра во Лига 1, очекувањата се по истекот на неговиот договор на крајот од сезоната да се пресели во Реал Мадрид. Неколку години Мбапе игра на високо ниво, па неговите зборови сигурно имаат тежина. Французинот смета дека Лига 1 е тешко натпреварување и дека оваа сезона се игра подобар фудбал од претходно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко натпреварување, многу тешко. Интезитетот е „луд“, играчите се физички спремни, контакти има многу и не ве штедат. Многу удари добивате и не е лесно. Мислам дека оваа сезона се игра подобар фудбал отколку претходно. Француското првенство е познато по физичката спремност и тактиката. За прилагодување потребно е време“, изјави Мбапе.