Дома Трансфер зона Mилан ги прекинал преговорите со Донарума

Mилан ги прекинал преговорите со Донарума

Изгледа ситуацијата помеѓу Милан и Донарума навистина не оди во насока кон тоа младиот голман да остане на „Сан Сиро“.

Долго време се водат преговорите помеѓу Милан и агентот на Донарума, Мино Раиола, а сега италијанските медиуми пишуваат дека се прекинати. „Росонерите“ три пати биле одбиени.

Поради ваквата ситуација двете страни ги прекинале преговорите. Во Милан се надеваат дека младиот голман и неговите претставници можат да го сменат мислењето. Сепак, според пишувањето на Џанлука ДИ Марцио, но и „Кориере дела Сара“ во игра сериозно е вклучен Јувентус кој е спремен да ги искористи неуспешните преговори.

Договорот на Донарума според кој заработува шест милиони евра истекува на 30. јуни оваа година, а Раиола од управата на Милан бара платата на Донарума двојно да се зголеми. Во меѓувреме „росонерите“ три пати се обидуваа да ги намалат барањата, но немаа успех.

И како што се пишува последната понуда е далеку од она што го бараат Раиола и Донарума. Милан понудил двегодишен договор со плата од седум милиони евра, плус бонуси и откупна клазула помеѓу 30 и 35 милиони евра која би можела да се активира ако тимот не игра во Лигата на шампионите. Одговорот од другата страна гласел 12 милиони евра и пониска клазула.

Во Милан ќе го почекаат крајот на сезоната во надеж дека ќе добијат позитивни сигнали од другата страна, но во меѓувреме и активно се во потрага по некој кој би го заменил младиот голман. Како прв фаворит засега се споменува голманот на Лил, Мајк Мањан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рамос го шокирал Малдини со своите барања

Серхио Рамос вчера и официјално се прости од Реал Мадрид. Овој искусен дефанзивец во дресо…