Дома Фудбал Репрезентации Mеси ги разочара Аргентинците – се повлече од репрезентацијата

Mеси ги разочара Аргентинците – се повлече од репрезентацијата

0
messi

Ѕвездата на Барселона и најдобриот аргентински играч Лионел Меси се повлече од репрезентацијата.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Меси донел одлука и истата веќе му ја соопштил на привремниот селектор, Пабло Скалони.

Меси нема да биде во тимот на „Гаучосите“ сигурно до крајот на годината, а не е исклучена можноста и конечно да ја напушти селекцијата на Аргентина.

„Меси нема да настапува за Аргентина до крајот на годината. Тој не ја завршува репрезентативната кариера, но одреден период нема да му биде на располагање на селкторот. Кога ќе се врати, ќе дознаеме подоцна“, напиша на својот Твитер профил аргентинскиот новинар, Ернан Кастилјо.


Следете го Sportski.mk и на


Првиот играч на Аргентина ќе ги пропушти натпреварите против Гватемала и Колумбија на 7 и 11 септември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се уште има магија: Роналдињо повторно воодушеви (видео)

Во Франкфурт синоќа се одигра хуманитарен натпревар на кој легендарниот Роналдињо покажа д…