Манчестер Јунајтед освои само бод во дуелот со ВБА (1:1) и навивачите на овој клуб никако не смеат да бидат задоволни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со ова реми „црвените ѓаволи“ дополнително си ги намалија шансите во борбата за првото место, а во 61. минута видовме и еден спорен момент.
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер падна во шеснаесетникот на противникот, судијата покажа пенал, но после консултацијата со ВАР собата одлуката беше променета.
„Бев сигурен дека е пенал. Од кога другите почнаа да зборуваат дека добиваме пенали не сме добиле ништо. Почувствував контакт на рамото, ме влечеше и паднав. Минимално, но беше пенал. Се носат одлуки против нас, но како и да е мораме да продолжиме напред“, изјави Мегваер.