Дома Фудбал Луда работа: Бразилски судија изваде пиштол на фудбалски натпревар

Луда работа: Бразилски судија изваде пиштол на фудбалски натпревар

Ширум светот во понискиот ранг на натпреварување гледачите и играчите се сведоци на секакви сцени, но ретко се случува да бидат очевидци на момент кога судија во тек на натпревар потегнува пиштол.

Ваква невообичаена сцена се случила во Бразил, кога на натпреварот помеѓу нисколигашите Ориенте и Индустријал судијата извадил пиштол.

Имено, во 75. минута главниот судија досудил пенал за Ориенте, потоа тој бил опкружен од играчите на Индустријал и добил удар од еден од нив.

Тогаш тој ги загубил нервите, успеал да стигне до клупата за резерви и од торбата извадил пиштол. Со пиштолот во раката тој почнал да трча кон играчите на Индустријал, која почнале да бегаат по теренот.

Подоцна се открило дека судијата по професија е полицаец и дека кога добил удар, играчот му рекол: „Фати ме ако можеш“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По две минути повторно се повреди, но не се откажа: Бјорн ја доби најтешката битка

Натали Бјорн помина низ две последователни рехабилитации и моменти кога сакаше да се откаж…