Дома Фудбал Ловрен е еден од пријателите на Салах, а неговите зборови нема ќе ги налутат сите во Ливерпул

Ловрен е еден од пријателите на Салах, а неговите зборови нема ќе ги налутат сите во Ливерпул

Познато е дека во Ливерпул во последниве месеци најмногу се зборува за тоа дали трите големи ѕвезди ќе потпишат нови договори.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за Ван Дајк, Александер-Арнолд, но најмногу секако се зборува за најголемата ѕвезда на клубот, а тоа е Мо Салах.

Неговиот договор со Ливерпул, исто како и договорите на Ван Дајк и Александер-Арнолд, истекуваат на крајот на сезоната.

Многу се поврзува Египќанецот со премин во Саудиска Арабија, а голем интерес за неговите услуги покажува тимот на Ал Итихад.

Денес во центарот на вниманието се најде Дејан Ловрен кој играше со Салах шест години во Ливерпул.

Хрватот верува дека луѓето во Ливерпул не покажале доволно почит кон Салах кога станува збор за преговорите за новиот договор.

„Салах верува дека постојат работи кои се недостасуваат од страна на клубот и верува дека тоа ќе се реши многу брзо.

Тековната реалност е таква што тој е многу поблизу до заминувње од Енфилд отколку останување на овој стадион”, рече Ловрен, и продолжи:

„Имам заклучок дека клубот не го почитува или барем не колку што тој заслужува. Но, постои и друга страна во разговорот.

Сè зависи од тоа што се случува позади сцената. Салах го сака Ливерпул и навистина го сака многу, и сака да остане, и тоа е најважното“, посочи Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ова нема да го прости: Нејмар си „пресуди“ со овој потег (Видео)

Целиот фудбалски свет брои до средината на мај кога селекторот на најтрофејната репрезента…