Дома Трансфер зона Ливерпул во пол-позиција за ѕвездата на Лион

Ливерпул во пол-позиција за ѕвездата на Лион

Раководството на Ливерпул покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација.

„Црвените“ за 21-годишниот фудбалер испратиле понуда, но Лион не сака да се раздели со Черки на средина од сезоната.

Сепак, според информациите Ливерпул останува во пол-позиција за неговиот потпис следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…