Дома Фудбал Ливерпул потпиша рекорден договор со „Адидас“, ќе добива повеќе пари

Ливерпул потпиша рекорден договор со „Адидас“, ќе добива повеќе пари

Англискиот фудбалски великан Ливерпул утрово го официјализираше потпишувањето на договорот со Адидас, кој ќе ги произведува дресовите веќе од следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул моментално е во шампионска форма и само чудо може да го спречи да ја освои титулата шампион на Англија. Сето тоа го прават во дресови од „Најк“, но од лето следи голема промена.

Германскиот производител на опрема „Адидас“ го потврди наутро потпишувањето на рекорден договор со Ливерпул, со што овој бренд се враќа на „Енфилд“ по 13 години пауза.

Ливерпул претходно носеше дресови од „Адидас“ од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.

Иако финансиските детали не се потврдени, Ливерпул моментално од „Најк“ добива речиси 70 милиони евра годишно, според Џејмс Пирс од Атлетик. Во соопштението се наведува дека договорот со „Адидас“ ќе донесе значително зголемување на паричниот износ, па така е и дефинитивно рекорден.

Она што е интересно, е дека Ливерпул летово ќе настапува во дресови од два различни производители.

Бидејќи договорот со „Најк“ истекува дури на 1 август, Ливерпул во дресови од „Најк“ ќе ги помине подготовките и ќе ја започне претсезоната, а потоа пред почетокот на лигата ќе премине на „Адидас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…