Дома Фудбал Ливерпул подготвува уште еден сензационален потег

Ливерпул подготвува уште еден сензационален потег

Ливерпул започна директни разговори со претставниците на бразилскиот офанзивец Родриго, кој ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид, известува новинарот Санти Ауна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако засега нема официјални преговори меѓу клубовите, Скај Германија пренесува дека Реал Мадрид е отворен за продажба на 23-годишниот Бразилец, а самиот Родриго е свесен за оваа можност.

Флориан Плетенберг дополнува дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и го гледа Родриго како потенцијална замена доколку Луис Диаз замине од Енфилд. Баерн го посакува колумбискиот репрезентативец, што би можело да отвори простор за доведувањето на Родриго, иако трансферот би бил многу скап.

Се вели дека Бразилецот заработува до 10 милиони евра нето годишно, што веќе ги одврати некои заинтересирани клубови како Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино свика итен состанок по жестоките критики

Претседателот на светската фудбалска организација е под напади од речиси сите страни, вклу…